Еден од принципите на добрососедството е да не се посега кон туѓата историја. Тоа за бугарскиот весник „Труд“ го изјавил проф. Иван Илчев, еден од членовите на бугарската Комисијата за разговори за историските прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Разговорот доаѓа по, како што вели весникот, тензиите меѓу двете држави во изминатите денови. Повод за нив беше изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој го предупреди Зоран Заев да не ја злоупотребува темата за македонскиот јазик, зашто тоа може да ја сопре европската иднина на Скопје.
„Прашањето е пред политичко и зависи од политичката волја, но историските факти до 1945 година се неспорни. Има само поединци од светската научна мисла кои даваат потрепа на некои од тезите на македонската историографија“, истакнал Илчев и додал:
„Во Македонија се гради антинбугарско раположение веќе 100 години“.
Според него, има цели поколенија во Македонија кои се „воспитувани со митови и легенди“. „Апсолутно е нереално да се мисли дека тоа може да се промени за неколку месеци.“, рекол Илчев.
Тој прецизирал дека од разговорите со македонските членови на Комисијата стекнал впечаток дека некои од нив се „расположени за компромис“ но остануваат еден-двајца кои ги застапуваат тезите на македонизмот.
„Постигнавме компримис за цар Самоил – македонската страна призна дека тој и припаѓа на бугарската владетелска традиција и е владетел на Бугарија во рамки на која, во тоа време влегува и територијата на современа Македонија. Се прифати и решение за заедничко славење на Григор Прличев, а во аргументацијата стои дека тој е бугарски учител, како што стои и дека тој со творештвото е во основата на културата на современа Македонија“, појаснил Илчев.
„Последните 50-60 години во јазикот што се зборува во Македонија се случија многу промени“, истакнал Илчев појаснувајќи дека во јазикот влегле многу србизми, а „многу бугарски зборови биле заменети со туѓи, само и само јазикот да биде што подалеку од бугарскиот“.
„По 1945 година во пракса во Макеоднија се создава нов македонски правопис и нов јазик кој треба да биде максимално одалечен од бугарскиот. Тоа се процеси кои таму всушност се случуваат 100 години и за тоа вина имаат и бугарските политичари и бугарската држава“, појаснил Илчев.