Членовите на мешовитата македонско-бугарска комисија, наместо да играат византиски игри, нека кажат со што Бугарите заслужиле да влезат во Уставот на Македонија, вели професорката по уставно право, д-р Тања Каракамишева.

– Уставот на една земја го отсликува, го обликува нејзиниот национален и уставен идентитет. Кој сегмент, кој етникум, ќе влезе во Уставот и во уставниот идентитет како конститутивен елемент не е прашање на политичка трговија или на политички рулет, туку е прашање на длабок и долг историски континуум на етникумот, негова вграденост во темелите на државноста на конкретната земја!- пишува Каракамишева во објавата на својот профил на Фејсбук.

Натаму професорката додава:

– Македонските и бугарските историчари во Комисијата наместо да играат Византиски игри треба да одговорат на прашањето дали и од кога Бугарите имаат свој длабок и долг позитивен историски континуум во градењето и оформувањето на македонската држава? – прашува Каракамишева.