Прашањето на уставните измени кај мене буди посебен сензибилитет и посебно непријатно ми е чувството кога гледав како некој и со каква леснотија дозволи работите да се случуват под надворешен притисок и надворешно влијание, користејќи и злоупотребувајќи ја позицијата, вели професорката по Уставно право, Тања Каракамишева Јованоска во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.
„Те ставил некој за премиер, убаво кажавте – нити си добил легитимитет, нити си бил на избори, ниту си ветил нешто на граѓаните, напротив. Она што е најголема болка на народот, не може да дојде и да каже – Еве јас ќе дојдам и ќе ве обезличам! И покрај тоа што немаше легитимитет и никакво право за тоа, го направија и прифатија се што не треба. Веројатно, тоа си има некоја нишка – после Заев, да си се продолжи таа стратегија. Така што сега, штетата е направена, голема штета е направена. Направена е и ставена на хартија. Сега, работата е како тоа да се убалжи ккао сето тоа да се стави во некои рамки кои што се прифатливи или делумно прифатливи за нас. Во правото, кога на нешто се согласиле и сте го ставиле на хартија, веќе немате маневарски простор. Тоа мене најмногу ме изиритира – што некој се стави над нацијата, над државата и го спречи маневарскиот простор на некој кој сега доаѓа и знае како тоа може да се одигра, ама тогаш не слушаа!
-Може да се ублажи, но не може да се смени комплетно. Тоа го знаат сите и затоа Бугарите трлаат раце и затоа се мирни и покрај тоа што имаат таква политичка нестабилност, сепак се уедначени и унисони кога се работи за националните прашања и за Македонија, посочува професорката.
-Тоа го кажа и претседателката Силјановска-Давкова, дека Уставните измени со уставен закон за одложено дејство се можеби се најдоброто решение, кое гледаме дека не е баш најдобро прифатено од страна на сосоедите, но и од некои од евсропските земји.
-Ако сме имале еднаш еден закон со одложени уставни дејства, зошто да ги немаме пак, тоа се аргументите кои ги зборува и претседателот на Владата, Мицкоски и тоа држи вода, вели проф. д-р Каракамишева-Јовановска.
-Тоа е една варијанта, има и други варијанти кои прво треба да се разгледаат политички, пред да се објават во јавност. Јас за ова сум многу внимателна, но има варијанти, има дури и европски искуства кои упатуваат на почитување на fundamentals („фандаменталс“). Што значи тој кластер, значи фундаментални права, ако се фундаменталните права подлени на индивидуални и колективни, ние тука можеме да играме во таа рамка. Можеме и да играме и во рамка на Резолуциите на Советот на Европа и можеме и тука да го бараме решението, а имам уште едно – пар варијанти, кои ако ми дозволите сега – да не ги обзнанувам, но има можности. Човек треба да понуди креативни решенија кои ќе го санираат проблемот до некаде, не можат целосно да го излечат, но ќе го санираат проблемот и ќе ја вратат уставната рамка таму каде што беше дури и пред Охридскиот рамковен договор“, посочува заговетно професорката по Уставно право во втората епизода на Наткаст на Курир.мк.