Она што сега го направи министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски е нешто што јас го немам видено многу години наназад, односно го немам видено воопшто во нашата самостојна татковина Република Македонија, изјави проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот „Скопје“ во емисијата „За или против“ со новинарот Љупчо Цветановски.

„Во рамки на мојата работа имаме уникатна методологија за работа на професорите и за учење на студентите која што се вика мерливост на знаењето. Зошто ова го кажувам? Значи, гледано од мојата страна можам да ги упатам од моја страна кон господинот Тошковски сите суперлативни зборови и да му честитам за ваква робусна, јака и остра борба во истрагата и со сите оние кои попатно ја попречуваат истрагата, а има такви. Особено, повторно медиумите на Социјадемократскиот сојуз и истите луѓе кои исто се обидуваат сега да ја враќаат назад шарената револуција. На сите нас тие ни се еднакво познати, вели ректорот Миленковски, кој потенцира дека уште од првата влада на СДСМ во 90-те тие систематски ја уништуваат Македонија.

Натаму додава:

„Ние мораме да направиме чекор повеќе. Претходната влада направи многу назадувања,  суспендираше многу закони, ги видоизмени и ги направи такви за да ние денеска како последица ги чувствуваме опструкциите од тоа владеење на Социјалдемократскиот сојуз. Тоа се провлече низ сите пори на нашето општество. И сега, ќе се сложам со изјавата на почитуваниот премиер Мицкоски: ‘Па што попрво ние требаше да фатиме?’ За што попрво да се заземат, дали за  меѓународната страшно разнишана позиција на Македонија или за внатрешниот економски криминал, за тендерскиот криминал и за што било друго? Точно така, сега ќе ни треба малку време, не може се’ од еднаш, “ вели проф. д-р Миленковски и посочува кон едни те исти ликови и кочничари кои се противат на ревитализација на девастираниот систем на нашата татковина.