Јавниот долг на Македонија добива димензии кои се застрашувачки, гласи коменатрот на универзитетскиот професор д-р Никола Поповски за ТВ Алсат.
Поповски, кој е поранешен министер и висок функционер на СДСМ, смета дека доколку власта продолжи со ова темпо да ја задолжува Македонија, земјава ќе падне во должничка криза.
– Нема да можеме да ги сервисираме долговите ако продолжи да расте зголемувањето на јавниот долг, смета Поповски.
Тој потенцира дека ни се заканува финансиска нестабилност и економски пад.
-Со вакво темпо, на долг рок постои ризик од финансиска нестабилност, со што нема да имаме економски раст и развој. Доколку не преземеме конкретни чекори, може да се случи да не можеме да си ги сервисираме долговите, вели Поповски.
Висината на јавниот долг заклучно до јуни изнесува 7,4 милијарди евра или 64,4 проценти од БДП.