Семејството дефинитивно се менува и поминува низ еден процес на криза кој што евидентен во Европската унија. Европското смејство станува се помало, најголем дел од домаќинствата во ЕУ се домаќинства со само едно лице, на второ место се домаќинства со двајца луѓе, брачен пар без деца, дури на трето место се родители со дете и тоа е најчесто е едно дете, истакна во своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија со водителот Љупчо Цветановски проф. д-р Македонка Радуловиќ од Институтот за семејни студии.
-Семејството дефинитивно се менува и поминува низ еден процес на криза кој што евидентен во ЕУ и она што било некогаш идеален во дел на почетокот на педесетите кој што го нарекуваме златно доба на смејството што било идеален модел на семејство кое што значело, татко кој што е вработен кој што ги носи финансите во домот и мајка што е домаќинка и две послушни деца, најчесто машко и женско, вели Радуловиќ.
Европското смејство станува се помало, се потесно и се намалува бројот на неговите членови вели универзитетската професорка Радуловиќ.
-Денеска е заменето со едно семејство кое што го прави едно лице. Најчесто, најголем дел од домаќинствата во Европската унија се домаќинства со само едно лице, така што ова целонсо го менува концептот за семејството. На второ место се домаќинства со двајца луѓе, брачен пар без деца, дури на трето место се родители со дете и тоа е најчесто е едно дете, значи европското смејство станува се помало, се потесно и се намалува бројот на неговите членови. Тоа се должи на намалувањето на наталитетот, Европа има криза со наталитетот, рече Радуловиќ во гостувањето во „За или против“.
Целата емисија „За или против“ во која гостуваат проф. д-р Македонка Радуловиќ од Институтот за семејни студии и проф. д-р Ангелка Кескинова, раководител на истиот Институт можете да го погледнете во продолжение: