Дејан ТРАЈКОВСКИ, професор на Техничкиот факултет – Битола (ТФБ)
Дали населението е свесно дека доколку се продаде или изнајми дел од РЕК Битола, истата струја нема да ја плаќаме по 57 евра/MWh, туку ќе ја купуваме на берза од новиот грчки газда по 100-250 евра/MWh?
Освен тоа, каква е логиката странци да ни ја трошат квотата за емисија на ЦО2, а утре Македонија за нив да плаќа јаглеродни пенали? Ако веќе плаќаме, барем самите да произведуваме евтина електрична енергија.
Трето, ако Македонија мора да ја затвори ТЕ “Битола 1” во 2026 година поради Парискиот договор, како си замислуваат странскиот газда да продолжи да работи? Само за да плаќаме пенали и да ја купуваме истата енергија од истата електрана 2-5 пати поскапо?
Во било која варијанта, тоа би било правење од готово – вересија. Дали обвинителството конечно ќе реагира на ваквите штетни одлуки, што зачестија во последно време?
Зошто заради недомаќинско работење и неотворање на рудникот во Живојно да мораме да распродаваме објект на критичната инфраструктура? Со 15 милиони евра учество можеме да подигнеме кредит и за 100 милиони евра да го отвориме рудникот.
На крајот, зошто скапо да плаќаме странска консултантска куќа, наместо самите да ја сработиме анализата?