Милиони луѓе го ризикуваат своето здравје секој ден со погрешен начин на готвење ориз, особено ако оваа храна се консумира често, предупредуваат научниците.
Најновите истражувања покажаа дека најчестиот начин на подготовка на оризот, со вриење на вода додека не испари, е всушност најопасниот, бидејќи ги изложува оние кои го јадат на токсичен арсен. Тој го загадува оризот за време на одгледувањето како резултат на индустриски токсини и пестициди.
Арсенот, дури и како траги, е поврзан со зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и карцином, како и проблеми со развојот, па е најопасен за децата, предупредува Енди Мехарг, професор по биолошки науки на универзитетот во Белфаст.
Тој тестирал различни начини на готвење ориз за да открие кој од нив е најздрав.
Во првиот метод, ставил една чаша ориз и две чаши вода и готвел се додека водата не испари, што е најчестиот начин за подготовка на оризот. Открил дека со овој метод во оризот останал најмногу арсен.
Во вториот метод, ставил една чаша ориз и пет чаши вода, а потоа го варел и на крајот го исфрлил вишокот вода. Со овој метод, нивото на арсен се преполовило.
Во третиот метод, оризот го потопил во вода и го оставил преку ноќ. Утрото го плакнел оризот се додека водата не станала бистра, а потоа го сварил. Со овој метод, нивото на токсинот се намалило за 80 проценти.
Истражувањата на европскиот пазар откриле дека дури 58 проценти од оризовите производи содржат високи нивоа на арсен, па затоа се препорачува оризот секогаш да се остава во вода преку ноќ и да се исплакне следниот ден за да се намали можноста за штетно влијание врз здравјето. Колку е всушност оризот здрав?
Cитарките од тропските предели и суптропските предели на Африка и Азија со години се во центарот на контроверзии. Додека половина од човештвото е главна храна, други ја прогласуваат како „диета измама“ затоа што е полна со јаглехидрати и влијае на зголемување на телесната тежина.
„Се зависи од тоа каков вид ориз консумирате“, објаснуваат нутриционистите.
Белиот ориз се смета за „слабо хранлив“, затоа што се добива со лупење на обвивката, поради што хранлива вредност е помала.
Во процесот на мелење му се одземаат витаминот Б, железото и растителните влакна. Иако потоа е збогатен со железо и Б витамини, влакната за жал не можат да се вратат.
Кафеавиот ориз е ист како и белиот ориз, но сепак е „житарка со цело зрно“ и кај него е отсранета само надворешната обивка со мала хранлива вредност и е подобар извор на растителни влакна, витамин Е и антиоксиданти.
Во една чаша варен кафеав ориз има околу 3,5 грама влакна, а истата количина бел ориз содржи помалку од еден грам влакна.
Покрај тоа, студиите покажуваат дека дел од оризовите зрна познат како субалеуронски слој може да штити од висок крвен притисок и атеросклероза, а го има само кај кафеавиот ориз. Исто така, докажано е дека заменувањето на бел со кафеав ориз го намалува ризикот кај луѓето со дијабетес тип 2.
Како и да е, треба да се има предвид една работа дека повеќето луѓе мислат дека кафеавиот ориз е синоним за житарка со цели зрна, технички гледано, оризовите зрна можат да бидат со различни бои, во зависност од сортата на која припаѓаат.
Иако кафеавиот ориз е секако подобар од белиот ориз, нутриционистите предупредуваат дека е подобро да не се купуваат нивните мешавини затоа што обично содржат високи нивоа на сол.