Ако престанеме да користиме разни производи за нега, телото само ќе смисли како да се врати во рамнотежа.

Туширањето е вообичаена дневна рутина при што користиме сапун, и речиси е невозможно денес да се замисли секојдневниот живот без оваа навика.

Но, Џејмс Хамблин, доктор и колумнист за магазинот „Атлантик“, одлучил да направи необичен експеримент, кој вклучувал да не се тушира еден месец.

Поточно, тој постепено престанал да ги користи сите сапуни (освен течен сапун за раце за да спречи ширење на бактерии и болести), разни креми, па дури и дезодоранси. За да не се чувствува премногу валкан, тој само малку се плакнел со вода.

На овој потег бил инспириран од новинарката на „Њујорк Тајмс“, Џулија Скот, која пред него се подложи на таков експеримент за да го тестира спрејот со живи бактерии, кој изгледа и има вкус на вода, но полн е со бактерии, за кои научниците веруваат дека би живееле на нашата кожа кога постојано не би ги плакнеле.

Овој експеримент докажа дека телото може да управува само со „својот мал екосистем“ на кожата. Затоа, не треба да му пречиме со туширање и употреба на агресивни средства за капење.

Резултатот од неговиот експеримент не била смрдеа, туку, според луѓето кои биле до него, тој мирисал „како човек“.

„Детергентите и производите за нега на тело, кои секојдневно ги применуваме на кожата и косата, ја нарушуваат рамнотежата на маслата и добрите бактерии кои живеат на нас“, вели Хамблин, кој верува дека со агресивното туширање, ние ги убиваме.

Иако брзо се пренаселуваат, тие веќе не се „во рамнотежа“ затоа што телото побрзо произведува лоши бактерии, поради што се јавува непријатен мирис.

Заклучок:

Добрите бактерии ќе цветаат, а лошите бактерии ќе бидат „под контрола“.