Професорката Катерина Колозова, ќерка на покојниот македонски актер Ѓорѓи Колозов, и блиска до актуелната власт на СДСМ, продолжува со провокации кон Македонците.

Колозова и неодамна на социјалните мрежи објави провокации и навреди кон македонскиот народ кој протестира против францускиот предлог и бугаризацијата на Македонија, на Твитер повторно ги потпали страстите на корисниците на овој социјален медиум.

Колозова на Твитер тврди дека вчерашниот инцидент во кој имаше вперени пиштоли во демонстрантите „бил предизвикан од Македонци кои со намера да провоцираат влегле во албанско маало“.

Според Колозова „Македонците имале јасна намера да провоцираат, а биле предводени од националисти“.

Последната провокација од Колозова наиде на голем револт, остри коментари и потсмев кај голем број од корисниците на Твитер.