Професор д-р Темелко Ристески, кој од Министерството за одбрана, додека на негово чело беше ексминистерката Радмила Шеќеринска, добивал солидни суми државни пари за партиски статуси и лајкови за СДСМ на Фејсбук, хонорар примал и како член на Комисијата за помилување на претседателот Стево Пендаровски.
Професорот кој предавал етика сам призна дека тоа го работел. Овој случај е уште една потврда дека во Македонија со државни, односно народни пари, се води партиска пропаганда.
По избивањето на овој скандал се поставува прашање до Пендаровски: Дали е етички, професорот по етика да биде член на комисија која одлучува за помилувања на лица кои се осудени поради криминогени и неетички дела!?