Европската комисија в среда (24 март) ќе организира отворена информативна сесија на тема „Како да подготвиме успешен предлог-проект во Хоризонт Европа – Европска програма за истражување и иновации“.

Според објавата на Министерството за образование и наука, целта на настанот е да ги информира сите потенцијални апликанти на повиците на програмата „Хоризонт Европа“ за модалитетите за подготовка на нивните предлог-проекти.

– Дневниот ред ќе вклучува две главни точки: „Поднесување предлог-проект и евалуација“ и „Модел на договор за грант“. Овој прв вебинар за програмата „Хоризонт Европа“ ќе се одржи само преку јутјуб-каналот  со почеток во 10 часот, се наведува на веб-страницата на МОН, каде што се достапни линкови за агендата и регистрација за настанот.

Дополнителни информации може да се најдат на: EC-EGRANTS-TRAINING@ec.europa.eu.