Производителот на енергетските пијалаци Монстер Енерџи го тужи финалистот во НБА Торонто Репторс.
Тужбата била поднесена во 2015 година, а во јавноста се обелодени пред некој ден.
Тужителот тврди дека продал стоки вредни милијарди долари под неговото лого, а амблемот Торонто е плагијат.
Амблемот на „Монстер Енерџи“ беше дизајниран во 2002 година, додека Торонто го користи новото лого од 2014 година.
Сепак, во „репторс“ тврдат дека користеле гребнатини од диносауруси како елементи на логото уште од 1994 година.