Утрово во Загреб паѓа снег кој не се задржува на земја, а послаби врнежи има во Крапина и Копривница.
Во внатрешноста на Хрватска, според прогнозата на Хидрометеоролошкиот завод за денеска, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено со лапавица и снег, особено во ридско-планинските предели каде е можна потенка снежна покривка, јавуваат хрватските медиуми.
Во Словенија врнежите се претворија во снег и во пониските предели, а во текот на денот е можна појава на лапавица, пренесува СТА.