Во валандовското село Чалакли вчера се одржа 29. Меѓународен фестивал – Пролетни веселби- ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ- Чалакли, на кој присуствуваа голем број официјални преставници и гости од земјата и Балканот.
Од една мала локална манифестација започната со негување на традициите за Х’дрелез(Hıdırellez) со обичаи и пеливанство, со организирање на Х’дрелезен панаѓур (1980-1990), а од 1991 година како Фестивал на пролетни веселби, прераснува во меѓународна манифестација, која од 2003 година е прогласена за Републичка манифестација од посебен интерес. Од 2017 година Пролетните веселби: Х’дрелезе, се впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство на човештвото.
Претставникот на Владата, заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин истакна дека Владата преку сите свои министерства овозможува континуриран раст и развој на сите делови на Републиката и во сите сфери на опшественото живеење, меѓу кои и културата. А токму како припадник на оваа етничка заедница напомена дека расте свеста за важноста да се зачуваат традициите и обичаите.
Според претседателот на Советот на општината Валандово, Владимир Марков, Манифестацијата за Х’дрелезе, ја покажува мултикултурноста на нашата држава.
Главниот координатор на ТИКА Македонија, Халит Омер Согут истакна дека ТИКА од воето основање во 2003 година, во Македонија има реализирано повеќе од 1080 проекти, од кои најмногу во образованието и инфраструктурата, а исто така и во културата, а оваа манифестација е една од важните активности поддржани од нас.
Амбасадорот на Турција во Македонија Хасан Мехмет Секизќок изјави дека се наоѓаме во населено место, кое што ги негува и чува вековните традиции, кои се плод на едно заедничко живеење. А токму граѓаните на разни етнички заедници, додаде тој, живееле сплотено со векови што е добар пример за соживот.
-Република Турција и РС Македонија имаат добра соработка, која се заснова на цврсти темели и кој секоја година се унапредува во сите сфери на опшественото живеење. Турција се грижи за зачувување на добрите односи меѓу двете држави, а исто така важна е и грижата за својата и сите етнички заедници во оваа држава. А манифестацијата за Х’дрелезе е токму мостот на таа соработка, додаде тој.
Манифестацијата продолжува денеска со настапот и натпреварот на КУД од Република Македонија и Балканските земји каде се очекува учество на 18 фолклорни групи. Во продолжение на Програмата се посети на изложбата на традиционална јуручка носија и храна, а беше одржан и Пеливански Х’дрелезе турнир со учество на над 80 борачи – пеливани кој традиционално се мачкаат со зејтин (масло). А за крај ќе се одржи концертот на музичарот Ферхат Дурмуш од ТРТ Турција.