Денеска во Торино, на свечено отворање на овогодинешното евровизиско издание, беа пречекани натпреварувачите и нивните делегации, објави ТВ 21.

При пристигнувањето, евровизиската претставничка на Северна, Андреа Коевска во рацете држеше и македонско знаме, кое подоцна одлучи да го фрли на земја и да се фотографира без него.

А еве и каде заврши знамето, кое подоцна беше земено од македонската делегација.

Една од реакциите на ова е и таа на Ана Дукоска, која на Твитер и ФБ прокоментира:
„Кај ги наоѓате вакви да ја претставуваат земјава на Евровизија, а немаат никаква почит кон нејзините основни обележја? Кажете кај ги наоѓате? Секоја година нов резил. Аман веќе…
Внуциве мои знаат дека знаме не се остава на земја… а она го фрла…
Немаш поддршка. Толку!“