Прва македонска крими-драма, серија инспирирана од вистински настани, наскоро ќе има премиера на ТВ Алфа.

Серијата чиј режисер и сценарист е Јани Бојаџи е целосно македонска продукција и е снимена без никаква помош од државата и Министерството за култура.

Над 70 актери меѓу кои е речиси целото македонско актерство: Мони Дамевски, Деан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, Александар Микиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Маја Љутков, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Ирена Илиевска…

Промоцијата на трејлерот беше синоќа на ТВ Алфа во специјалното издание на Вечерното шоу на Богдан Илиевски.