По огромното свлечиште во јапонскиот југо-западен град Атами, во префектурата Шизуока, локалните медиуми јавуваат дека спасувачите во остатоците од вода и кал пронашле две тела, а судбината на 20 други се уште е непозната, јави ДПА.
Огромниот млаз вода што мина низ Атами бил предизвикан од обилните врнежи од дожд, а притоа се уништени и неколку куќи.
Спасувачките екипи се уште трагаат по исчезнатите.
На околу 25.000 луѓе им е соопштено дека треба се преселат на побезбедни места, бидејќи владата прогласи вонредна состојба во областа. Армијата е распоредена во помош на настраданите, додаде ДПА.
Напливот на вода и кал бил предизвикан од обилните врнежи од дожд долж јапонскиот брег на Пацификот. Поројните врнежи доведоа до прекин на железничките услуги, вклучувајќи ги и брзите возови.