Пронајдено е 15-годишното девојче од селото Пешталево, прилепско, кое синоќа беше пријавено за исчезнато.

Полициски извори велат дека девојчето е со своите родители.

Роднините на девојчето синоќа објавија и на социјалните мрежи дека е исчезната 15-годишната Ана Марија, но за среќа потрагата имаше среќен крај.

-Нема ни траг ни глас од неа од вчера вечерта околу 19 часот. Полициска екипа е во потрага по неа. Последен пат била видена на постојка Ропотово, чекала превоз, не е видена со што возило е тргната и каде. Доколку некој ја препознае и види, ве молиме известене нѐ. Девојчето е од село Песталево-Ропотово. Однапред ќе ви се заблагодарам доколку примиме убави вести. На 15 годишна возраст е, малолетничка, не комуницира со луѓе, последно време е многу затворена, се вели во пораката објавена на Фејсбук.