Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 31.525 денари е зголемена за 10,9 отсто во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (24,8 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,1 процент) и Административни и помошни услужни дејности (17 проценти).
Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (8,3 проценти), Градежништво (5,6 проценти) и Дејности во врска со недвижен имот (4,5 проценти).
Исплатена бруто-плата по вработен, пак, во април годинава изнесува 47.092 денара и е за 11 отсто зголемена во однос на бруто-платата во април лани.