Просечната месечна нето-плата во Црна Гора за мај 2021 година изнесува 530 евра, додека бруто-платата е 792 евра, соопшти Заводот за статистика – Монстат.

Просечната нето плата во мај се зголеми за 0,2 проценти во споредба со април, додека во споредба со мај минатата година забележа зголемување од 2,3 проценти.

Ако се има предвид дека потрошувачките цени во мај годинава се зголемија за 0,3 проценти на месечно ниво, следува дека реалните плати во истиот период паднаа за 0,1 процент, јавија црногорски медиуми.