Сто и седумнаесет годишнината од Илинденското востание и најголемиот македонски празник Илинден годинава ќе се слави на Мечкин Камен под специјален режим.
Од Комисијата за заразни болести е дадено одобрение за организирање на празникот, но појаснуваат дека сето тоа ќе биде според претходно утврдени протоколи, објави Фактор.
-Комисијата дозволи да се одржи прослава на Илинден, но нема да биде како во изминатите години. Нема да биде тоа масовна прослава, туку на организаторите им ги дадовме протоколите како да го организираат настанот. Бројот на учесници ќе биде многу помал, а останатите мерки се веќе оние кои постојано ги препорачуваме, вели епидемиологот д-р Александар Стојанов.
Тој потенцира дека од исклучителна важност е носењето заштитни маски, без разлика што прославата е на отворено на Мечкин Камен, како и одржување на социјалното растојание.
-За се имаме дадено протоколи, важно е да се почитуваат, само така нема да имаме проблеми и нема да се зголемува бројот на нови заразени со коронавирусот, вели Стојанов.