Бугарски конкурентски компании и лични интереси се вистинската причина зад измените на законот за игри на среќа, која власта сака да ја скриe, а не заштита на македонската младина, порачаа челновите на асоцијациите на обложувалници и игри на среќа од протестот пред Собранието, откако измените на законот за игри на среќа влегоа во собраниска процедура. Тие бараат да присуствуваат на собраниската комисија и најавуваат тужби пред Уставниот суд.
„Целта на овој закон е да се затворат легалните домашни компании за да може владата преку онлајн страници, со странски компании од Бугарија да си го преземе бизнисот. Граѓаните не смеат да бидат измамени. За наводната грижа за граѓаните се носи закон кој има целосно друга цел.“ – Порача Васко Илиевски од Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија
Обвинуваат и дека овие законски измени ќе доведат до целосно згаснување на легалните игри на среќа, а повеќе од 10.000 вработени ќе останат без работа. Дополително државата ќе остане без повеќе од 5 милиони евра, кои сега се влеваат во буџетот преку даноци. Во меѓувреме, никој не води грижа за онлајн коцкањето кое е достапно на интернет дури и за најмладите.
„Потценување на интелегенцијата е да се тврди дека дистанцата од 500 метри е заради заштита на младината, кога во исто време, државата овозоможува преку интернет, игрите на среќа да станат достапни буквално на секој мобилен и статичен уред. Преку онлајн игрите на среќа, доволно е од дома некој да се вклучи на платформата и да игра“, изјави Горан Стојменов од Асоцијација на приредувачи на игри на среќа.
Инаку, овие законски измени се најдоа во собрание откако движењето наречено „Анти коцкање“ неколку пати оддржа протести во различни градови, на кои бараа обложувалниците и казината да бидат дислоцирани подалеку од образовните институции и станбените живеалишта.