Откако на вчерашната средба со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа не беше постигнат договор, денеска тутунарите излегоа на протест и го блокираа патот Прилеп – Градско кај Заполшки мост.
Незадоволните тутунари истакнаа дека протестите ќе продолжат до петок за кога се очекува нова средба.
Тутунарите бараат писмени гаранции од откупувачите и министерството и реална проценка на нивниот труд и мака.