-Не може да постои мафија ако не постои обвинителство кое ја помага и амнестира мафијата. Никогаш за тебе нема да се договорам Зоран Заев ниту за ново Пржино ниту за договорот од Преспа му порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на премиерот на СДСМ.
-Тоа СЈО украло ваши пари 4,6 милиони евра.Тие кои што требаше правда да донесат крадеа ваши пари. Е затоа Христијан не се договораше Заев со тебе за да нема ново Пржино за да не може истите тие бандити да украдат нови милиони евра ниту од народот ниту од владата. Ете затоа јас нема со тебе никогаш нема да се договорам, ниту за тој договор понижувачки од Преспа за да не оставиме на бандитите да ги крадат парите од народот-порача вечерва Мицкоски.
Протестот започна во 18 и 30 часот пред Министерствоот за шравда и продолжи пред ЈО.
„Доле мафија, правда сега“„Народот во затвори, мафијата во фотељи“, „Талибанска Влада“, „За тегла ајвар затвор, за убиство кај Млечен слобода“!
Ова се само дел од пораките кои вечерва присутните на протестот ги испратија до власта.
Протестот беше организиран од ВМРО-ДПМНЕ.
-Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување. Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, МАФИЈА ТЕ ТУЖИ, МАФИЈА ТЕ СУДИ, порачаа во повикот на ВМРО-ДПМНЕ.