Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест против, како што истакнаа членовите на партијата, незаконското трошење на европските пари наменети за образование и образовни проекти.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвинува дека не е само случајот со Лидија Димова злоупотреба на финансиски средства од страна на функционери на власта.
-Освен Лидија Димова која видовме како ги дели европските пари, да не го заборавиме и случајот на поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого видовме дека има и видео снимки како зема кеш пари и какви односи имал со фирмата „Диамед“, даде оставка и никогаш повеќе не видовме било каков случај од Обвинителството во Република Македонија.
Затоа, сметаме дека повикувањето на оставка е само трик и доколку би била искрена намера, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој земал големи суми на средства, околу 200.000 евра и неговиот брат кој е пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси, порача тој на денешниот протест.
Антонио Милошоски, за случајот со Лидија Димова истакна:
-Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија овие 500.000 евра да бидат вака потрошени. Тие пари требало да бидат потрошени за болниците во Струмица, во Битола и во Тетово за обука за персонал и за поддршка или во најмала рака овие пари да биле потрошени за компјутери за одеца кои не можат да ја следат наставата онлајн, изјави Милошоски.
Одговорноста, како што кажа, не е само кај Димова туку и кај тие што ја поставиле на таа функција Зоран Заев, како и кај, како што рече, нејзината пријателка Радмила Шекеринска.
Милошоски рече дека по однос на изјавата дека членови на Владата ќе ја повикаат да даде оставка или ќе ја разрешат се стари трикови на Владата на СДСМ која кога сака да прикрие корупција и незаконско трошење на средства го прави овој повик за оставки.
-Најдобар пример за тоа е еден поранешен пратеник за кого сите слушнавме како нарачува дрога, се направи притисок во јавноста да даде оставка. СДСМ тврдеше дека тој ќе одговара пред обвинителството никогаш никој не поведе постапка. Вториот случај е поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, за кого што видовме дека има и видео снимки како зема кеш пари и какви односи имал со фирмата Диамед, даде оставка и никогаш повеќе не видовме било каков случај од обвинителството во Република Македонија, рече Милошоски.
Доколку би била искрена намерата, според него, СДСМ ќе треба да ги повика да дадат оставки и директорот на училиштето во Кавадарци кој што земал големи суми на средства околу 200.000 евра и неговиот брат-пратеник кој што е актуелен пратеник и висок функционер во СДСМ заради конфликт на интереси.