Фондацијата „Бугарска меморија” за денеска најави протести во Софија заради одлуката на Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) да не присуствува во Охрид на одбележувањето на 1.000 години од Охридската архиепископија. За нас ова е антидржавна активност, велат организаторите, пренесоа бугарските агенции.

– Протестот е израз на една граѓанска позиција и горчина од антидржавната активност, предводена од Светиот синод, велат организаторите и бараат патријархот да свика вонредна седница на Светиот синод за да ја разгледа одлуката од 14 мај.

Претставници на фондацијата велат дека на двајца бугарски архиепископи дури им било забрането да присуствуваат на прославата.

Скандалозното гласање било во отсуство на патријархот Неофит, кој ја презеде одговорноста да ја прифатиме подадената рака од МПЦ да им бидеме црква-мајка во битката за автокефалност. „Бугарска меморија” смета дека ова ги компромитира напорите на Бугарија за мир и напредок во регионот.

– Зад грбот на патријархот направија комплот, тајните служи треба да се активираат, да се провери можното странско влијание за ваквата одлука – изјави Милен Врабевски, претседател на Фондацијата.