Четири полициски синдикати најавија дека од 15 декември до 15 јануари се бара полицајците да ги сведат казните на минимум во знак на протест против владата.

Синдикатите бараат од полицајците да одговорат на „нерепресивен начин“ во случај на прекршување од страна на автомобилистите, како и да ги намалат контролите за присуство на алкохол во крвта на возачите.

Овој протест е одговор на владината одлука за реформа на пензиите во полицијата како и укинувањето на покачувањето на платите на полицајците.

Доколку не добијат задоволителен одговор полицајците најавија дека ќе продолжат со слични акции ако треба до 2024 година, јавија белгиските медиуми.