Утре, наместо да кршиме јајца дома, ние ќе појдеме на гробишта и таму ќе ви донесеме јајца на вашите вечни почивалишта. Правда мора да има – порачаа родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“, кои денеска повторно одржаа протестен марш.
Со фотографии од своите најмили во рацете, побараа одговорност. Маршот започна од Паркот на револуцијата, а потоа поворката се упати кон трговскиот центар, каде пред кафе-барот на сопственикот на дискотеката застанаа и со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите.
Потоа продолжија кон општинската зграда, каде ги пречека в.д. градоначалникот Венко Крстевски, кој им порача дека правда мора да има. Маршот заврши пред зградата на Основното обвинителство во Кочани, а родителите најавија дека протестите ќе продолжат и понатаму – секоја сабота, во 12 часот и 5 минути.