Околу 500 демонстранти вчера во главниот град на Перу, Лима побараа укинување на новиот закон кој ги опишува трансродовите лица, меѓу другото, како ментално болни кои можат да добијат здравствени бенефиции.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Нема повеќе стигма“ и „Мојот идентитет не е болест“.
Законот, кој беше административно одобрен од Владата на претседателката Дина Болуарте минатата недела, прецизира дека оние кои се идентификуваат како трансродови и оние со „други нарушувања на родов идентитет“ се сметаат за „ментално болни“ кои можат да добиваат јавни здравствени услуги преку јавни и приватни институции.
фото: ЕПА