На денешниот протест поради скандалот кој се случи на Клиниката за Онкологија во Скопје, протестантите оставија кабли на полицијата пред ОЈО.
На тој начин протестантите симболично укажаа на амнестирањето од одговорност и вина на главните виновници во случајот со модуларната болница во Тетово.
Пред Владата беше оставена и торба полна „крвави пари“
„Да ја трансформираме нашата болка во достоинствена борба за подобро утре, мирно и достоинствено да кажеме жестоко ‘не‘ во земја која е на фрагилни нозе и да изградиме вредност на почит кон секој еден живот“, кажа еден демонстрант, чија мајка починала од рак пред три години.
Протестот започна пред Владата на РМ, а демонстрантите се упатија кон Основното јавно обвинителство од каде бараат правда за жртвите.