Илјадници луѓе протестираа синоќа пред католичката катедрала Алмудена во центарот на Мадрид против плановите за префрлање на посмртните останки на диктаторот Франциско Франко во катедралата, пренесува ДПА.
Семејствата на десетици илјади негови противници, убиени или затворени во текот на неговото 40-годишно владеење, се против тој да биде погребан во тоа исконско место.
Учесниците на протестот синоќа скандираа: „Криминалците треба да останат надвор од катедралата“.
Во септември шпанските пратеници го одобрија преместувањето на останките на Франко од мавзолејот, каде што се закопани десетици илјади жртви на граѓанската војна од 1936-1939 година.
Засега не е познато каде ќе бидат префрлени останките. Семејството на Франко има крипта во катедралата и неговата ќерка е погребана таму.
Фондацијата, која го носи неговото име Франко и го промовира споменот на поранешниот диктатор, смета дека неговите останки треба да бидат погребани во катедралата во Мадрид.