Антивладините протести продолжуваат со блокада на клучни крстосници и булевари во Софија.
Демонстрантите настојуваат за оставка на Владата на премиерот Бојко Борисов, на јавниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер парламентарни избори. Тие остануваат цврсти во нивните барања и велат дека нема да се откажат додека не бидат исполнети.
На главните улици во Софија се поставени шатори веќе втор ден, а градскиот сообраќај е блокиран и се пренасочува.