Српскиот тенисрер и светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ упати поддршка за протестите што вчера се одрѓаа во Србија против законските измени кои, според демонстрантите, власта ги прави по мерка на гигантот Рио Тинто и проектот за отворање рудник за литиум во Јадар.
Ѓоковиќ на Инстаграм сподели фотографија од вчерашната блокада на мостот Газела во Белград и напиша коментар: „Чист воздух, вода и храна се клучот на здравјето. Без тоа, секој збор за здравје е вишок“.
Илјадници демонстранти вчера блокираа повеќе главни патишта низ Србија, незадоволни од планот на власта да му дозволи на гигантот Рио Тинто да отвори рудник за литиум во Србија. Зелените активисти велат дека проектот ќе ги загади земјата и водите во Србија.
Протести освен во Белград се одржаа во други градови, а имало и тепачки меѓу демонстранти и контрадемонстранти во Белград и во Нови Сад.