Кандидатот за претседател од опозициската партија денес ги прифати изборните резултати, јави агенцијата Анадолија.
-Ги прифаќам изборните резултати- рече Мухарем Инце на прес-конференција во седиштето на Републиканската народна партија (ЦХП) во Анкара.
Тој денес ги демантираше тврдењата дека добивал закани.
Инаку денесизутрина претседателот на Врховниот изборен комитет, Сади Гувен, соопшпти дека од 99,2 проценти пребројани гласачки кутии, претседателот Реџеп Таип Ердоган освоил апсолутно мнозинство од 52,5 проценти од глаосвите, додека неговиот ривал Мухарем Инце заостанал со 30,6 проценти.
На парламентарните избори коалициските партнери Партијата на националното движење, Партијата на правдата и развојот и Народната алијанса освоиле 53,6 проценти од гласовите.