САД му забранија влез на поранешниот секретар на НАТО, Хавиер Солана затоа што тој патувал во Иран, земја која е под санкции од администрацијата на Доналд Трамп.

На Солана, кој требал да одржи предавање на Институтот Брукингс во Вашингтон, му е одбиено барањето за американска електронска виза, затоа што тој го посетил Иран, непријателска земја, пренесува „Ел паис“.

Солана бил во Иран во 2013 година кога се состанал со претседателот Хасан Рохани.

„Ел паис“ цитира извори во американската амбасада во Мадрид кои рекле дека американскиот електронски систем за авторизација (ЕСТА) автоматски отрфла барања на луѓе кои посетиле која било од седумте земји погодени со забрана за патување од САД:Ирак, Сирија, Иран, Либија, Сомалија и Јемен.