Провладините медиуми ревносно го следат секој чекор на поранешниот македонскиот премиер Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија. Последна вест за него е дека шетал низ трговски во Будимпешта. Покрај веста, пренесуваат впечаток на некој кој го видел, и како што вели сведокот, Груевски делувал дека се чувствува целосно безбедно, а демек, добил политички азил поради загрозена безбедност.
Можеби „сведокот“ очекувал Груевски да почне да бега кога го видел за да оцени дека поранешниот премиер навистина не се чувствува дека е безбеден. Патем, Груевски рече дека небезбеден се чувствува во Македонија, па затоа и доби политички азил во Унгарија.
За разлика од интересот за Груевски, провладините медиуми не кажаа ниту збор за одморот на Заев во Германија. Навистина Заев не е „интересен“ за следење, бидејќи е само актуелен премиер на државата, кој веднаш по промената на името на земјава замина да се одмори. На чија сметка е одморот, и тоа не е „интерсено“ за провладините медиуми. Тоа се истите медиуми за кои порано беше многу важна власта што прави, а не опозицијата.