Еден од најубавите грчки острови Санторини повеќе не може да го носи „товарот“ на туристите, смета Комитетот за транспорт на Европскиот парламент (TRAN Commitee).

Санторини достигна максимална бројка во 2017 година, кога беше домаќин на 5,5 милиони посетители, и во споредба со 2012 година, кога беше „само” 3,3 милиони туристи, што е за 66 отсто повеќе.

Во текот на 2018 година, во пристаништето Санторини впловиле 474 бродови-крузери со околу 750 илјади патници, што е 130 илјади туристи и 70 бродови повеќе отколку во 2017 година. Ова значи дека 2.000 луѓе секојдневно го посетуваат островот од вкупно 18.000 туристи дневно.

Имено, во еден квадратен километар во 2017 година имало 107,8 туристи на 100 жители. Иако голем број туристи носат десетици милиони евра на островот, тие создаваат цела низа проблеми за природната средина, недостатокот на вода и електрична енергија и двојно повеќе нелегално сместување. Најинтересно е што во последните неколку години туристите почнаа да се жалат „гужва“ и на сообраќајниот метеж.