Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската унија.
Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми.
Петков кажал дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова: В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот. Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа продолжуваме понатаму“.
Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочитал неговото барање, кое е прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.