Екипите на Гостивар и Вардар одиграа нерешено 1:1 (0:0) во првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Вардар поведе со голот на Мишковски во 85-та минута и токму кога се чинеше дека постигна гол вреден победа, Слишковиќ погоди за 1:1 во првата минута од судиското продолжение.
Вардар има 18 бода и во моментов се искачи едно место погоре на табелата, додека гостиварчани остануваат на петтата позиција со вкупно 25 бода.
Во следното коло Гостивар ќе гостува кај тетовска Шкендија, додека „црвено-црните“ на домашен терен ќе ја пречекаат Брегалница.
Останатите пет натпревари од 19. коло од шампионатот се закажани за утре со почеток во 14:00 часот.