Прв позитивен случај на коронавирус во Пехчево. Станува збор за Златко Стаменковски вработен во Итната медицинска помош во Пехчево.
Тој се наоѓа во домашна самоизолација, а случајот во официјалната статистика на Министерството за здравство најверојатно ќе биде регистрирано во текот на утрешниот ден.
Стаменковски се огласи преку „Фејсбук“ поради недоличните коментари упатени кон него.