Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ноќеска во 43 минути по полноќ е почувствуван во Македонија, а епицентар е во Општина Маврово Ростуше.

Според првичните информации епицентарот бил на два километри длабочина, а бил почувствуван на 70-тина километри југозападно од Скопје и на 11 километри североисточно од Ростуше.

Според ЕМСЦ најсилно бил почуствуван во западниот регион во Мавровскиот дел, во Кичевско и околината.

Зсега нема информации за некакви штети освен вознемирување кај граѓаните од потресот.