Кумановка на возраст од 57 години е прва жртва на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека навремено биле земени брисеви, а резултатите два пати биле негативни. Но, и покрај негативните резулатите, таа била третирана во изолација минатата недела во Куманово.

Брис и бил земен синоќа по смртта и тестот бил позитивен. Брисот бил земен заради наглото влошување на состојбата, рече Филипче.

Според првичната епидемиолошка анкета, жената била на патување во Италија.

Позитивен на коронавирус е и нејзиниот син. Тој се третира на Клиниката за инфективни болести во Скопје и е во стабилна состојба.