Првата дама на САД Меланија Трамп го користеше зборот „Македонија“ на Глобалниот самит во Белата куќа што веднаш предизвика срцепарателна реакцијата од грчката амбасада. Грчките медиуми  со траорен призвук пишуваат дека Меланија го употребиле името да го опише северниот сосед на Грција што предизвикало некакви си чувствителни реакции кај нив.

Терминот, според грчките луцидни медиуми, се врзувала за некаква си историска и географска област во Грција и затоа неговата употреба за држава се сметала за дипломатски спорна?! Логиката е ако ние сме северна, тие се јужна. Кај Бугарија, пак е источна. Целата е МАКЕДОНИЈА.

Грчката амбасада во Вашингтон во паника стапила во контакт со релевантни институции на САД со цел да се изврши корекција на искрено кажаното од првата дама. Намерата на вознемирените и наапани Грци била да се осигури дека официјалните записи и идните комуникации ја користат „точната “терминологија.

Според дипломатските извори, користењето на „Македонија“ им создавало силна конфузија, а всушност создава силен „вознемир“ кај Грците и демек  ја поткопувало договорената рамка, договорена со одродените Заевци и Димитровци. Воедно, се нагласувало дека тоа наводно можело, замислете, да влијае врз некаква си наводна перцепцијата за грчкиот културен идентитет, којшто не е македонски, та не е јасно врзс што ќе влијае, освен врз нивната неуспешна кражба на историјата.

Грччката страна исто така тврди дека според принципот ерга омнес од Преспанскиот договор потпишан во 2018 година од Заевци и Димитровци контра народната волја на РЕФЕРЕНДУМОТ, соседот морал да се нарекува „Северна Македонија“ во сите официјални и јавни контексти. А кај нив се уште знаците биле со БЈРМ, меѓу другото.

Глобалниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition Samit“ беше организиран од Меланија и ги собра првите дами од многу држави во светот. Меѓу нив се најде и сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска која имаше свое обраќање на работна сесија, а оствари и разговор и размени мислење со Меланија.

Централен момент на самитот беше претставувањето на американски изработен хуманоиден робот, кој јавно се обрати и комуницираше со присутните, покажувајќи ги можностите на напредната роботика и вештачката интелигенција.