Првата дама на САД Џил Бајден оваа недела ќе отпатува во Романија и Словачка за да се сретне со семејствата на украинските бегалци, американските хуманитарни и воени работници и вработените во амбасадата, соопшти денеска нејзиниот кабинет.
Патувањето на Џил Бајден е планирано меѓу 5 и 9 мај.
Посетата ќе биде уште една демонстрација на американската поддршка за Украина и земјите кои и помагаат.
Џил Бајден ќе замине во Романија и Словачка по ненадејната посета на Украина на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, која минатата сабота се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Романија и Словачка примија стотици илјади украински бегалци од почетокот на руската инвазија врз Украина.