Ноќеска во Прилеп било запалено патничко возило сопственост на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од овој град Петар Ристески.
Возилото било паркирано до неговата семејна куќа, но за среќа таа не била зафатена од пожарот. Засега нема ни официјални ни неофицијални информации за опожареното возило на опозицискиот пратеник.
Ристески деновиве имаше жесток настап во Собранието на Република Македонија против францускиот предлог за тргање на ветото од Бугарија за ЕУ.
За палењето на својот колега утрово реагираше и пратеникот Миле Лефков:
– Ноќеска запален автомобилот на колегата пратеник Петар Ристевски од Прилеп! Од клучно значење е како МВР ќе постапи во текот на денот! Ако ВЕДНАШ не се откријат сторителите и нарачателите, повеќе од јасно е дека власта го активира подземјето, и секое вакво дејство оди директно на сметка на Ковачевски и Оливер Спасовски! Граѓаните оправдано живеат во страв и се чувствуваат небезбедни во својата држава. Без грижа живеат единствено криминалците!- објави Лефков на својот профил на Фејсбук.
Видеото од говорот на Ристески во Собранието може да го отворите ТУКА.