На 35-годишен маж од Јужна Африка, кој го изгубил слухот во сообраќајна несреќа, му беше извршена првата трансплантација на средно уво во светот. Операцијата траела час и половина.

Со ова тимот од доктори од главниот град на Јужна Африка, Преторија, станаа пионери на полето на глобалната медицина.,  Ова достигнување, за кое беше искористена 3Д технологија за реконструкција на коските од средното уво, е долгорочно решение за сите кои имаат проблеми со слухот.

Раководителот на тимот доктори од болницата Бико на Универзитетот Преторија, професорот Машудо Чифуларо, изминатата деценија го истражувал кондуктивното губење на слухот, а во изминатите две години користел технологија за 3Д печатење за да скенира и целосно да го реконструира средното уво, односно чеканчето, наковалната и узенгијата.

Неговата идеја е трансплантацијата на средно уво во иднина да стане достапна и за сиромашните луѓе, односно сите што се лекуваат во државните болници во Јужна Африка.

[WATCH] A pioneering surgical procedure using 3D-printed middle ear bones, developed by Professor Mashudu Tshifularo and his team at the University of Pretoria (UP) Faculty of Health, may be the answer to conductive hearing loss, a middle ear problem caused by congenital birth defects, infection, trauma or metabolic diseases.

Gepostet von Gauteng Health Department am Mittwoch, 13. März 2019