Дали знаевте дека какаото има моќ да ги ублажи симптомите на акутна и хронична кашлица? Така покажа студијата на научници, во која беа вклучени 300 лица со постојана кашлица. Истражувачите им давале теобромин, супстанција од какао две недели, двапати дневно. Дури 60 отсто од пациентите пријавиле значителен степен на подобрување и смирување на кашлицата по експериментот.

И претходни истражувања покажаа дека теоброминот го парализира рефлексот на кашлица.