Според првичните информации од помалите избирачки места, кандидатот за градот Скопје, Данела Арсовска во овој момент има убедливо водство во овие населени места:

Виниче, Смилковци, Ченто, Маџари, Триангла, Раштак, Лисиче, Хром, Стајковци, Инџиково, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Според нашите информации во бројки на пример во Стајковци,  Данела Арсовска има 1416 гласа наспроти само 272 за Петре Шилегов.

Раштак:

Арсовска 222,

Шилегов 26

 Виниче:

Арсовска: 133

Шилегов:  22

Во Горно Лисиче исто така е евидентна разликата, Данела води со 1504, наспроти Шилегов со само 338 гласа.

Во Карпош, Стевче Јакимовски води со 780 гласови пред кандидатот за градоначалник од редовите од СДСМ, Душко Весковски.

Овие резултати се на третина обработени резултати до овој момент.

Инаку во Карпош гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути.

Во Охрид, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општината, Кирил Пецаков, прогласи победа на вториот круг од локалните избори.

„Благодарам Охриде!!!
Победааа“ – напиша тој на Фејсбук.

Пецаков со оваа победа стана новиот градоначалник на општина Охрид.