И додека во новогодишната ноќ се бројат секундите кое бебе е прво родено, во Општина Демир Хисар првото бебе се роди на 12-тиот ден од Новата 2021 година.
Како што објавија од Општината, Дамјан Лозановски од село Белче се роди на 12 јануари 2021 година и е првото новороденче оваа година.
По тој повод, градоначалникот Стојановски деновиве ги посетил, им го честитал новороденчето на среќните родители и им врачил пригоден ваучер во вредност од 10.000 денари и златно крвче што ги обезбедила општината.
– Да е здрав и жив Дамјан, со желби оваа година да ни биде плодна, бериќетна и што повеќе да се раѓаат деца во Демир Хисар, порачуваат од општината.
Но, со ваков наталитет во општината, ако се раѓаат деца на 12 дена, тешко дека ќе има доволно и за едно одделение првачиња, да се живи и здрави, кога ќе дојде време за в училиште.